Кулеба: Во јули очекуваме „силен и далекусежен исчекор“ кон членството во НАТО
- -Работиме напорно за да направиме силен и далекусежен исчекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон, рече Кулеба на онлајн прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.
Киев, 19 март 2024 (МИА) – Шефто на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Киев очекува „силен и далекусежен исчекор“ кон членството во НАТО на самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.
-Работиме напорно за да направиме силен и далекусежен исчекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон, рече Кулеба на онлајн прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.
Тој пред новинарите од повеќе светски медиуми изјави дека има „многу активен ангажман со сојузниците во НАТО“, без да даде повеќе детали.
Кулеба додаде дека Украина ги исполнува главните критериуми за членство во Алијансата, како што е „капацитетот за одбрана на границите на НАТО“.
-Тоа е она што го правиме бранејќи ја Украина, рече Кулеба.
Самитот на НАТО ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули годинава.сд/
фото:МИА архива