• понеделник, 23 декември 2024

Кузмановски: Победата над Вардар ни значи многу, но нема опуштање

Кузмановски: Победата над Вардар ни значи многу, но нема опуштање

 

Битола, 11 февруари 2024 (МИА) – Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, ја истакна како многу значајна вчерашната победа над Вардар 1961 на стартот на плејофот, но посочи оти актуелниот шампион нема да се опушти во битката да ја одбрани титулата во македонската ракометна Суперлига.

Бодрени од своите навивачи во полната сала „Боро Чурлевски“, битолскиот состав го совлада Вардар 1961 со 27-21 (10-10), предводен од капитенот Кузмановски, кој беше најефикасен на паркетот со осум голови.

„По подолг период се вратив во мојот матичен клуб, бев многу мотивиран и цело време мислев на ваквите дерби натпревари. Имавме среќа да отвориме во плеј-офот против Вардар 1961. Сите знаеме што значи ова дерби, среќен сум за победата и за мојата екипа“, рече Кузмановски во изјава за клупскиот сајт.

Големото македонско дерби донесе израмнет ракомет 40-ина минути, кога Еурофарм Пелистер при негатива од 11-12 со поддршка на домашните навивачи направи серија од 9-2 и дојде до многу важна победа во обидот да ја одбрани титулата.

„Изгинавме до остварување на целта, иако во првиот дел игравме во грч. Големо благодарност до нашите навивачи, кои ни дадоа поддршка кога најмногу требаше. Оваа победа многу ни значи, знаеме што следи во плеј-офот и ќе одиме натпревар по натпревар. Нема опуштање, бидејќи овој плеј-оф е најдобар во последните години. Нема никого да потцениме. Ова е само еден голем чекор за клубот, градот, претседателот, навивачите“, наведе Кузмановски. ег ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан