Кузмановски има скинати лигаменти на десното стапало
- Македонскиот ракометен репрезентативец и член на германски Вецлар, Филип Кузмановски има скинати лигаменти на десното стапало.

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен репрезентативец и член на германски Вецлар, Филип Кузмановски има скинати лигаменти на десното стапало.
Информацијата за сериозноста на повредата на Кузмановски, денес стигна од неговиот клуб.
Не е познато колку време ќе биде потребно за санирање на повредата и рехабилитација на македонскиот бек, но сигурно тој неколку месеци ќе биде надвор од терените.
Кузмановски повредата ја доби во неделата на натпреварот со Турција. зс/
Фото: ЕПА