• вторник, 26 ноември 2024

Кузеска: Синот на Ѓорѓе Иванов, сопругата на Бетмен ќе прават надзор во МЕПСО, груба партизација на ВМРО-ДПМНЕ на институцијата

Кузеска: Синот на Ѓорѓе Иванов, сопругата на Бетмен ќе прават надзор во МЕПСО, груба партизација на ВМРО-ДПМНЕ на институцијата

Скопје, 31 јули 2024

Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но се роднински поврзани со луѓе од Владата.

Прв и најскандалозен избор е изборот на синот екс претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, за член на надзорниот одбор на МЕПСО.

Тој е дипломиран политиколог и нема никаква допирна точка со она што ќе треба да го работи.

Понатаму, во МЕПСО е згрижена и сопругата на главниот ТВ водител и пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски, Анастасија. Човекот кој жолчно ги брани секојдневно политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше водач на насилните протест на 27 април, сега конечно наплатува за своето слепо слугување на партијата.

Понатаму, со назначувањето на првиот братучед на Изет Меџити, Бурим Љатифи за директор на МЕПСО, имаме целосен непотизам за што бараме институциите итно да реагираат.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грубата партизација со целосно некомпетентни кадри на значајни позиции. Јавноста уште не може да поверува дека на замечничко министерско место во МВР има човек со фискултурно образование а сега во енергетиката се поставуваат политиколози. 

Ова се најлошите кадровски решенија на било која Влада во минатото и од овие луѓе може да се очекува само да и служат на партијата, никако на граѓаните.

Одговор на прашање на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан