• вторник, 24 декември 2024

Кузеска: Останува мерката за субвенционирање на цената на струјата до 80 отсто за граѓаните

Кузеска: Останува мерката за субвенционирање на цената на струјата до 80 отсто за граѓаните
Скопје, 30 јуни 2022 Во време на светска енергетска и економска криза, Владата предводена од СДСМ продолжува да ја субвенционира за 80 отсто цената на електричната енергија за крајните корисници. Покрај тоа, поддршката на Владата кон ЕСМ да обезбеди цена од 48 евра за мегават час за универзалниот снабдувач за 100% задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, овозможи цената на струјата за домаќинствата да не се покачи за 145 отсто. Во конкретни бројки, тоа значи поддршка за секое домаќинство во просек по 3.500 денари на месечно ниво, односно 42.000 денари на годишно ниво. Со последниот модел на Регулаторната комисија за енергетика за формирање на цената на струјата преку четири блокови се спречува драматично поскапување на електричната енергија која постојано расте на светските берзи. Со тарифните блокови огромен дел од потрошувачите ќе плаќаат незначително поскапи сметки за електрична енергија, додека оние кои струјата ја трошат за луксуз или за остварување профит ќе плаќаат многу поскапо. Тоа значи дека 98,8 отсто од корисниците нема да почувствуваат ценовен шок од цената на електричната енергија. Односно семејство кое плаќа сметка за струја од 1.500 денари нема да има значително покачување, туку минимално, а оние кои плаќаат под 1.000 денари месечно речиси и нема да имаат никакво покачување. Доколку не беа блоковите, цената на електричната енергија за сите корисници ќе мораше да се зголеми за 17.7 отсто. Со одлуката на Регулаторната комисија која е независно тело, пропаднаа лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои цел месец ја лажеа и се уште ја лажат јавноста дека ќе има огромно поскапување на цената на струјата. Во цела Европа има драматично покачување на електричната енергија и на другите енергенси, речиси секоја Влада како и македонската влада презема мерки за ублажување од кризата. Очигледно Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека нашата држава е изолиран остров па светските случувања ја заобиколуваат. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и светските кризи ги користат да ја лажат јавноста, да организираат протести, да нанесуваат штета врз институциите и државата, наместо да понудат конструктивност и соработка за побрзо справување со последиците од кризата. Граѓаните имаат одговорна Влада која се грижи за нив и нивните интереси и потреби. Мицкоски да престане да ја злоупотребува енергетската криза и да не крева паника поради лични и партиски интереси. Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан