• петок, 14 март 2025

Кузеска: Нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ, една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Кузеска: Нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ, една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Скопје, 13 март 2025 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

СДСМ денеска објавува нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ поткрепен со докази и факти.

Граѓаните ќе сведочат на уште еден случај, како омилените фирми на власта добиваат милионски суми преку тендерите и колку е проширена пајажината од овие мрежи низ општините и институциите.

Шемата е идентична.

Една иста фирма, во општините кои ги водат градоначалниците на ДПМНЕ но и во институциите добиваат милионски суми од тендерите и најчесто се јавуваат како единствени понудувачи.

Станува збор за уште една фирма омилена на власта: Мастеф ДООЕЛ Скопје.

Преку неколку општини и институции оваа фирма во последните 3 години има добиено тендери вредни над 4 милиони евра.

Еве ги сите договори.

Дополнително, за оваа иста фирма, од унгарскиот кредит, има одлука за избор за проценета вредност од 25.256.509 денари или околу 400.000 евра.

Фирмата е омилена на градоначалниците на ДПМНЕ, Кисела Вода, Аеродром, Неготино.

Во општина Кисела Вода каде градоначалник е Орце Ѓорѓиевски од ДПМНЕ, за период од 2022 година до 2024 година, оваа фирма има добиено тендери во вредност од 1,7 милиони евра.

Од општина Аеродром, и во време кога градоначалник бил Тимчо Муцунски оваа иста фирма има земено тендери, односно склучени договори тешки речиси 1 милион евра.

Во општина Неготино, каде градоначалник е Стојанов од ДПМНЕ од 400.000 илјади евра.

Од вкупно 13 тендери во овие општини на дури 11 фирмата се јавува како единствен понудувач.

Најголем дел од договорите се со иста вредност како проценетата вредност.

Ова е првиот сомнеж, дали можеби сумата била однапред договорена?

Да се добие иста цена е целосно спротивно од логиката за јавни набавки.

Зошто нема намалување на цените? Тоа треба да утврдат надлежни институции.

Оваа иста фирма добила тендери и во Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, со Договор од 65,5 милиони денари или околу 1 милион евра.

Како е можно една иста фирма да биде победник на толку многу тендери во општини и институции и да добие 4,5 милиони евра?

Каде завршуваат парите на граѓаните?

Дали се испумпувале огромни суми на пари преку десеткратно повисоки цени кои граѓаните ги плаќале?

И конечно, дали цените со кои оваа фирма конкурира ширум општините предводени од ДПМНЕ, се далеку повисоки од реалните пазарни цени на истите услуги?

Сомнежот за ова дополнително ќе го објасниме, во една друга постапка каде што оваа фирма била ангажирана, и тоа многу скоро!

За овој огромен скандал со тендерски мрежи мора да има институционална реакција.

Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе се шират, а институциите мора итно да реагираат!

Бараме: Јавно обвинителство и ДКСК веднаш да постапат по овој случај!

Одговор на новинарско прашање

ДПМНЕ да одговори за Пуцко Петрол, како повторно кога е некој од ДУИ нема притвор?

ДПМНЕ подобро е да молчи кога станува збор за Пуцко Петров и за Ратко Капушевски. Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. СДСМ веќе и соопшти дека институциите и општините кои се раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 договори токму со Пуцко Петров, ова се тие документи. 

За тоа одговор треба да даде ДПМНЕ.

СДСМ секако дека ја поддржува истрагата и очекува целосно расветлување на случајот но ДПМНЕ треба да одговори на уште едно прашање, како тоа кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, исто како што беше случајот со Артан Груби?

Линк до видео: https://youtu.be/vswmJYQl-rM

 

Прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Остани поврзан