• четврток, 30 јануари 2025

Кузеска: Мизрахи да се извини и да поднесе оставка затоа што ги лажеше граѓаните за Онкологија

Кузеска: Мизрахи да се извини и да поднесе оставка затоа што ги лажеше граѓаните за Онкологија

Скопје, 28 јануари 2025

ВМРО - ДПМНЕ и Рашела Мизрахи се фатени живи во голем скандал, како ги лажеле македонските граѓаните за Онкологија, за политички поенти.

Крајно срамно и без чувствително, се криела вистината, се криеле докази за еден ваков грозоморен случај на сметка на човечки животи. По секоја цена сакајќи да го орцнат Венко Филипче.

Вистината излезе на виделина, разобличени се монструозните лаги. Извештаите за кои Мизрахи и ДПМНЕ цело време велеа дека недостасувале, постојат, биле уредно подготвени и предадени. 

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес-конференција презентираше материјали кои ги побиваат сите наводи.

Тие документи се веќе доставени до Обвинителството и очекуваме да бидат предмет на натамошна истрага. Очекуваме истрагата да покаже зошто овие документи не биле доставени до надлежните органи во моментот кога биле побарани и зошто се дозволи јавноста да се доведе во заблуда дека Филипче е одговорен во случајот.

Рашела Мизрахи ја злоупотреби пратеничката функција и го сруши кредибилитетот на  Анкетната комисија формирана по барање на нејзината партија ДПМНЕ, која на крај заврши без заклучоци. Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, над 50 седници се одржаа само за сеење лаги и на крај ништо, нема формални одлуки ниту заклучоци од работата на Анкетната комисија. Сега јасно и зошто нема, затоа што цело време се манипулирала јавноста и се сееле лаги.

Вистината е дека Мизрахи намерно ги лажела граѓаните. А пратеник кој ги лаже граѓаните не може да ги претставува. Фатена во сопствените лаги Мизрахи треба треба да им се извини на граѓаните и да се повлече, да си даде оставка од пратеничката функција. Секој пратеник има одговороност пред граѓаните и затоа Мизрахи треба да се извини и си поднесе оставка.

Наместо да се водат деструктивни кампањи, треба да се поддржи транспарентноста и вистинската борба за здравјето на граѓаните.

Фокусот на СДСМ останува на вистината, одговорноста и јакнењето на здравствениот систем.

 

Одговор на прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Граѓаните се спремаат за бојкот на маркетите затоа што Владата не ги заштити

Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи. Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за кошничките и негрижата за граѓаните, доведуваат до тоа граѓаните сами да се справуваат со проблемот. СДСМ со месеци апелираше и нудеше конкретни решенија за проблемот со цените. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати веќе проверените мерки со кои СДСМ се бореше со ценовните шокови, тие решија да го остават проблемот и да го менаџираат со лажни кошнички. Резултатот го гледаме денес, осиромашени граѓани кои треба да бираат кој од основните производи да го купат.

Повикуваме на тоа Владата итно да донесе мерки за заштита на граѓаните кои ги нуди СДСМ. Време е Мицскокси да сфати дека треба да работи во итерес на граѓаните, економската состојба е крајно алармантна.

 

Одговор на прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

СДСМ бара ЕСМ да го повлече барањето, власта да се откаже од поскапување на парното

СДСМ бара ЕСМ да го повлече барањето и власта да се откаже од намерата за поскапување на парното. Поскапување на парното би било уште еден удар врз стандардот на граѓаните. Од друга страна е лошо и во однос на загадувањето на воздухот. Власта треба да ја намали цената на парното за да ги стимулира граѓаните да се вратат и повеќе да се приклучат на парно. Тоа ќе биде мерка којашто ќе влијае на намалување на загадувањето но и на намалување на цената на парното со вклучување на повеќе корисници.

Линк до видео: https://youtu.be/7P16W1SePKI

 

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан