• понеделник, 23 декември 2024

Кузеска: ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на напредокот кон ЕУ

Кузеска: ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на напредокот кон ЕУ

8 ноември 2023 

Извештајот на Европската комисија ги потврди фактите, ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на напредокот кон ЕУ.

Клучниот проблем за извештајот на Европската комисија и забелешките во него е тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата.

Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски ДПМНЕ.

Блокадата на ДПМНЕ и Левица е и за поглавјата кои се однесувата на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

Комисијата јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје. 

Дополнително, 90 отсто од поглавјата се соодветно ниво на подготвеност.

ДПМНЕ заедно со Левица се единствените антиевропски партии кои се најголемите кочничари на европскиот пат на земјата

 

Изјава  на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан