• среда, 27 ноември 2024

Кубица: Во 2008 година, навистина имавме шанса да ја освоиме шампионската титула

Кубица: Во 2008 година, навистина имавме шанса да ја освоиме шампионската титула
Лондон, 21 јуни 2020 (МИА) - Резервниот пилот на Алфа Ромео, Роберт Кубица, ги сподели своите спомени од сезоната 2008 година, во која Полјакот беше претендент за шампионската титула. Сепак, шансите на Кубица исчезнаа откако БМВ престана да работи на развој на автомобилот во средината на сезоната и покрај фактот дека до средината на првенството Кубица беше зад лидерот со само два бода. - Сега мислам исто како пред 12 години, затоа што бев директен учесник во тие настани. И навистина ми се чини дека тогаш, за жал, имавме единствена шанса да се избориме за титулата. Немавме најбрз автомобил, факт е. Обично екипата со најбрз автомобил ја освојува титулата, но тоа не се случува секогаш. Поради некоја причина - грешки на ривалите, имавме успеси на почетокот на сезоната. Треба да се обидете да ги искористите шансите, затоа што никогаш не знаете дали животот ќе ви даде втора шанса. Се запознав со момците кои работеа како механичари тогаш, пред десетина години. И тие го мислат истото. И тие жалат за пропуштената можност, изјави Кубица. БМВ одлучи да се фокусира на подготовките за сезоната 2009 година, во која Формула 1 требаше да започне со користење на системот „КЕРС“. Сепак, на крајот, дизајнот на КЕРС од БМВ се покажа како неуспешен и германската компанија го напушти Ф-1 на крајот на 2009 година. зс/

Остани поврзан