• понеделник, 23 декември 2024

Кубански авион на лет за Флорида морал да се врати во Хавана поради судар со птица

Кубански авион на лет за Флорида морал да се врати во Хавана поради судар со птица

Хавана, 6 март 2023 (МИА) - Авионот што полетал од Куба за САД, морал да се врати во Хавана по судир со птица и, како последица од тоа - пожар во моторот и чад во кабината.

Авионот на „Саутвест ерлајнс“ полетал од Меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана - главниот град на Куба и требало да слета на Меѓународниот аеродром во Форт Лордердејл, Флорида, САД, во неделата попладне. Во инцидентот нема повредени.

Според сведочење на патник, откако птицата влегла во моторот, додека авионот сѐ уште се кревал, се појавил чад внатре, се почувствувал мирис на горење, а маските за кислород испаднале во случај на потреба.

Авионот потоа слетал на Куба, а патниците безбедно се евакуирани.  си/сд/

Остани поврзан