• понеделник, 23 декември 2024

Крцоски: Инфраструктурни проекти за сите села во Дебрца, активностите ќе се реализираат согласно потребите и предлозите на граѓаните

Крцоски: Инфраструктурни проекти за сите села во Дебрца, активностите ќе се реализираат согласно потребите и предлозите на граѓаните
Охрид, 21 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот на СДСМ за градоначлник на Општина Дебрца, Игор Крцоски – Манце објави листа проекти предвидени да се реализираат во неговиот иден градоначалнички мандат, со повеќе инфраструктурни проекти за сите села во општинскиот атар. Тој наведува дека сите проблеми на граѓаните и идните проекти ќе се реализирааат преку постојана комуникација со нив, какво што ќе биде и идното функционирање на локалната самоуправа. -Нашето целокупно работење и функционирање, не само како поединци туку и како целина се заснова на постојана комуникација со Вас граѓаните. Така беше и при создавањето на програмската понуда, така ќе биде и при реализирањето на зацртаните програмски идеи и проекти, вели Крцоски. Тој посочува дека во делот „месни проекти“ се земени во предвид најчестите предлози од страна на самите граѓани, а листата соодветно ќе се надополнува, но тоа секогаш во контакт со граѓаните и нивните потреби. -Во Дебрца од ден на ден, се зголемува поддршката за најдоброто, расте позитивната атмосфера, но и нестрпливоста конечно да дојде 31 октомври, денот на вториот изборен круг кога граѓаните ќе можат да го кажат последниот збор и да ја изберат најдобрата опција за себе и за нашата општина Дебрца, објавува Крцоски. аб/аа/

Остани поврзан