• четврток, 26 декември 2024

Крушево ќе биде домаќин на бизнис-саем со домашни и странски компании

Крушево ќе биде домаќин на бизнис-саем со домашни и странски компании
Крушево, 13 април 2022 (МИА) - На 30 и 31 јули во Крушево ќе се одржи бизнис-саем на кој се очекуваат компании од Балканот и пошироко. Саемот го организира агенцијата за маркетинг „Еуростеп“ во соработка со Општина Крушево. Крушевскиот градоначалник Томе Христоски оствари средба со организаторите на саемот и истакна дека ова е голема шанса за бизнис-секторот и за инвестирање во Крушево. - Крушево веќе се препознава како туристички активно место, а започнуваме и со организација на саеми. Ова е можност за локалниот бизнис-сектор да оствари контакт за проширување на услугите и на пласманот на производите, но и Крушево да се промовира како дестинација за инвестирање, рече Христоски. Тој најавува средба со бизнис-секторот на 19 април за да се запознаат со концептот на организирање на саемот и за воспоставување комуникација со други домашни и странски компании. ем/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан