• сабота, 27 јули 2024

Крстевски: Знаеме како против Словачка

Крстевски: Знаеме како против Словачка
Скопје, 28 август 2022 (МИА) – Центарот на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Крстевски е оптимист пред вечерашниот дуел со Словачка во 2. коло од претквалификациите за Евробаскет 2025. „Црвено-жолтите“ пред три дена ја победија Данска во првото коло на гостински терен во Нествед со кош во последната секунда. - Заслужено победивме во Данска, беше еден тежок меч, на крај можеби заврши и среќно за нас со тој шут, но победивме сосема заслужено. Мора да го заборавиме тој меч, затоа што ако не го добиеме овој со Словачка, победата на натпревар нема ништо да ни значи. На терен мора сите да бидеме фокусирани и мотивирани, за да ја оствариме нашата цел. Словаците ни се добро познати затоа што со нив игравме двапати лани, можам да кажам дека горе-долу се во ист состав. Сите работи остануваат на нас, изјави Крстевски за сајтот на КФСМ. Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 19 часот. зс/

Остани поврзан