• среда, 25 декември 2024

Крозето: Италија годинава го намалува воениот буџет, со што се оддалечува од целта на НАТО

Крозето: Италија годинава го намалува воениот буџет, со што се оддалечува од целта на НАТО

Рим, 28 февруари 2024 (МИА) - Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска изјави дека воениот буџет на земјата повторно ќе се намали оваа година, со што Италија ќе се оддалечи од целта на НАТО сите земји-членки да потрошат најмалку два отсто од БДП за одбрана до 2028 година.

„Трошоците за одбраната паднаа од 1,59 отсто од БДП во 2020 година на 1,46 отсто во 2023 година и веројатно ќе се намалат повторно оваа година“, рече Крозето во Парламентот.

Тој додаде дека тоа не е новост што го радува.

На самитот во 2014 година, лидерите на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку два отсто од БДП во рок од една деценија, но поранешниот италијански премиер Марио Драги ја одложи таа цел за четири години. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан