• среда, 25 декември 2024

Крис Прат ѝ упадна на Кетрин Шварценегер во кујната

Крис Прат ѝ упадна на Кетрин Шварценегер во кујната
Лос Анџелес, 21 април 2020 (МИА) - Глумецот Крис Прат ѝ упадна на својата сопруга Кетрин Шварценегер во кујната, додека таа ги забавуваше своите следачи со готварски рецепти. Имено, во мигот кога писателката им раскажуваше на своите Инстаграм-обожаватели како додека Прат игра голф во нивниот двор, таа ќе пече леб, тој „неочекувано“ влезе во кадар пројавувајќи интерес околу тоа како таа ќе го замеси тестото. - Чекај! Покажи ми! Тоа ќе ми донесе среќа, извикна актерот, сепак, на задоволство на следачите. Кетрин е најстарата ќерка на познатиот австриско-американски глумец Арнолд Шварценегер. си/ми/

Остани поврзан