• среда, 08 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Крис Пол: Не знам дали следната сезона ќе ми биде последна

Крис Пол: Не знам дали следната сезона ќе ми биде последна

Лос Анџелес, 29 јули 2025 (МИА) - Плејмејкерот на Лос Анџелес клиперс не знае дали ќе ја продолжи кариерата по завршувањето на сезоната 2025/26.

-Не знам дали следната сезона ќе ми биде последна. Мислам дека во текот на сезоната, во одреден момент… па, ќе го решам тоа. Ќе го решам и само ќе го почувствувам. Но, повеќе од сè, оваа сезона сакам да уживам во играта. Не го земам здраво за готово. Долго време сонував да се вратам кај моето семејство. Сега ја имам оваа можност и сум исклучително благодарен за тоа, изјави плејмејкерот.

Четириесетгодишниот Пол, четвртиот избор на НБА драфтот во 2005 година, се подготвува за својата 21-ва сезона во лигата и неговиот втор престој со Клиперси. Тој е еден од најстарите активни НБА играчи - само Леброн Џејмс и Пи-Џеј Такер, се постари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан