• сабота, 23 ноември 2024

Крис Мидлтон не доби дозвола од лекарите за тимски тренинг

Крис Мидлтон не доби дозвола од лекарите за тимски тренинг

Милвоки, 29 септември 2024 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки бакс, Крис Мидлтон продолжува со рехабилитација. Тој летото имаше две операции на скочните зглобови. Операциите беа неопходни за да му помогнат на Мидлтон да се ослободи од болките кои ги чувствуваше во текот на минатата сезона.

- Крис сè уште не е подготвен за целосен тренинг пет на пет, оцени медицинскиот персонал на тимот. 

Закрепнувањето оди добро, но тимот реши да преземе исклучително внимателен пристап кон здравјето на кошаркарот.

Мидлтон ќе тренира индивидуално до целосно заздравување.

Милвоки две години по ред е елиминиран во првото коло од плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан