• недела, 24 ноември 2024

Кристијан Бергер, добитник на златна „Камера 300“ за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола

Кристијан Бергер, добитник на златна „Камера 300“ за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола

Битола, 9 септември 2021 (МИА) - Кристијан Бергер, професор на Филмската академија во Виена, годинешен добитник на златна „Камера 300“ за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најприсутните светски кинематографери на Фестивалот.

За време на престојот во Битола, ќе приреди работилница за новиот „Систем за рефлектирачко филмско осветлување Бергер/Бартенбах“, што го направи во соработка со „Бартенбах лихтлабор“ и кој според Бергер овозможил многу нови естетски можности за камерата и за директорите на фотографија.

Како што е познато, Бергер два пати го презентираше системот во рамките на изданијата на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола каде е чест гостин, односно во 2008 година како кинематографер беше  избран за претседател фестивалското жири, во 2012 година Бергер беше освојувач на „Специјалната Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а годинава ќе му биде доделена „Златна камера 300“ за животен опус.

Во својата кариера, Бегрер е носител на бројни награди и признанија меѓу кои и престижната награда на Американското здружение за кинематографија  ASC/American Society of Cinematographers за најдобар кинематографер за филмот „Белата панделка“. Тоа од 2010 година му го донесе и заслуженото членство во AMPAS/Academy Of Motion Pictures and Science/Американската филмска академија која ги доделува Оскарите.мт/фф/

Фото: Pinterest

Остани поврзан