Кристина Ричи го тужи сопругот за насилство
- Ми велеше дека единствениот начин да му биде жал за мене, е ако ме распарчат на мали парчиња. Тоа ме натера да ги скријам сите ножеви во куќата во којашто сме сместени.

Лос Анџелес, 22 јануари 2021 (МИА) - Американската глумица Кристина Ричи побара судски налог за задолжително растојание за нејзиниот поранешен сопруг, филмскиот камерман Џејмс Хердеген, поради физичка и психичка злоупотреба. Наводите ги потврди адвокатот на Хердеген.
Според глумицата и нејзините неодамнешни сведоштва, психичкото тормзење почнало еден месец по нивната венчавкка 2013 година.
- Ми велеше дека единствениот начин да му биде жал за мене, е ако ме распарчат на мали парчиња. Тоа ме натера да ги скријам сите ножеви во куќата во којашто сме сместени. Се плашев за мојот живот и животот на нашиот син. Спиев во посебна спална соба со Фреди и ја заклучував вратата, раскажува Ричи.
Фреди е нивното единствено дете.
Физичкото насилство пак, според неа, почнало и завршило во декември минатата година, по што таа побара развод. Актерката потоа објави и слики од модринки и исеченици, наводно, од тој настан. си/