Кристиансанд Виперс ја освои женската ракометна Лига на шампиони
- Ракометарките на Кристиансанд Виперс од Норвешка го освоија трофејот во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа француски Брест со 34:28.

Будимпешта, 30 мај 2021 (МИА) – Ракометарките на Кристиансанд Виперс од Норвешка го освоија трофејот во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа француски Брест со 34:28.
За Виперс ова е прва титула европски шампион во нивната клупска историја.
Пред финалето, се одигра натпреварот за третото место. Унгарски Ѓер го совлада тимот на ЦСКА Москва со 32:21. Македонската репрезентативка Сара Ристовска постигна три гола за поразената екипа. зс/