• сабота, 09 ноември 2024

Криси Тајген е бремена по трет пат

Криси Тајген е бремена по трет пат

Лос Анџелес, 4 август 2022 (МИА) - Манекенката Криси Тајген го очекува своето трето дете со музичарот Џон Леџенд речиси две години откако го загуби неродениот син, Џек. Веста за бременоста таа ја потврди на Инстаграм.

„Изминативе неколку години беа исполнети со измешани емоции, но радоста повторно ни го исполни домот и срцата. Досега си велев самата себе - 'Добро, ако е здраво денеска, ќе објавам'. Здивнувам со олеснување кога го слушам чукањето на срцето. Засега, сè е убаво и совршено. Полна сум со надеж, се чувствувам неверојатно. Беше тешко да го задржам ова за себе“, напиша Криси на Инстаграм покрај фотографија од себе, покажувајќи го трудничкото стомаче. Следачите ѝ честитаат среќни за неа и нејзиниот сопруг... За потсетување, во септември 2020 година, Криси објави дека го изгубила својот нероден син Џек. Таа тогаш забременила по природен пат, додека ќерката Луна и синот Мајлс ги добила преку тн. ИВФ-третман. „Толку многу сакам да бидам бремена и тажна сум што никогаш повеќе нема да бидам“, рече таа тогаш, три месеци по спонтаниот абортус. Во февруари оваа година, сопругата на Џон Леџенд на Инстаграм објави фотографија од лековите кои се инјектираат при зафатот за ин-витро оплодување. Таа и навестуваше дека се надева на друго бебе.  си/сд/

Остани поврзан