• сабота, 31 август 2024

Кривопаланчанки остварија значајна прволигашка победа на домашен терен

Кривопаланчанки остварија значајна прволигашка победа на домашен терен
Крива Паланка, 22 јануари 2022 (МИА) - Женскиот кошаркарски сениорски состав на кошаркарски клуб Крива Паланка денеска оствари исклучително важна победа на домашен терен против стружанки од ЖКК Струга 2009. Натпреварот заврши со резултат 75-67 во корист на паланчанки, а најдобар играч на мечот беше Вуловиќ Марта, која на центарската позиција со 198 сантиметри постигна 34 поени. Од стручниот штаб на кошаркарски клуб Крива Паланка истакнаа дека оваа победа е многу важна за зацврстување на петтата позиција на Прволигашката табела. -Им честитам на одличната игра на нашите девојки кои напорно работеа во полусезоната, во паузата што трае речиси еден месец во којшто со Ковид-19 пандемијата се бориме сите, и сепак сме во добра здравствена состојба пред сѐ, што е за нас најзначајно. Ние изработивме одлична подготовка за противничкиот тим што ја работевме на изминатите трензи, а истата беспрекорно функционираше на терен и тоа беше предноста што ја направивме пред гостинскиот тим денес, тоа, заедно со тимскиот дух и одличната атмосфера во тимот беа пресудни за победата над тимот на Стружанки кои ги предводи селекторот на жесниот кошаркарски сениорски тим, Ѓоровиќ, изјави Ведран Белешковски, претседател и тренер на КК Крива Паланка. Кривопаланечкиот тим настапи со вкупно шест од дванаесет играчи. Во тимот на КК Крива Паланка се ротираат стартерите Вуловиќ, Петровиќ, Алексовска, Стоевска и Ѓоргиевска, а замена на неполни четири минути одигра Додевска. Следниот натпревар во Прва лига А жени КК Крива Паланка го игра повторно на домашен терен против ЖКК Пробаскет Кавадарци, следниот викенд.ид/см/

Остани поврзан