• сабота, 23 ноември 2024

Кривокапиќ: Убеден сум дека владата ќе биде избрана на 2 декември

Кривокапиќ: Убеден сум дека владата ќе биде избрана на 2 декември
Подгорица, 13 ноември 2020 (МИА) - Црногорскиот мандатар Здравко Кривокапиќ изјави дека е убеден дека владата ќе биде избрана на 2 декември и дека единствено е загрижен дека временскиот период е подолг отколку што очекуваа граѓаните. - Реков дека ќе ги исполнам своите обврски до 8 ноември и го сторив тоа. Имаме експертска влада, ги испочитував сите рокови и сега останува на Парламентот, изјави Кривокапиќ на ТВ Вијести. Тој исто така рече дека во предложената влада нема ниту еден политичар. - Политичар е оној кој е професионално посветен на своите активности, се погрижив никој од списокот министри да не биде на списокот што беше на списокот за пратеници. Јас немам база на податоци и не можев да влезам во таква суштина, додаде тој. Тој најави план за реорганизација, истакнувајќи дека некои во јавниот сектор ќе добијат отпремнина, некои ќе одат во пензија, а некои во приватниот бизнис. - Ниту еден стручен службеник во кое било министерство не треба да се плаши за својата работа. Ако сакаме да го видиме напредокот на Црна Гора, да гледаме напред, рече Кривокапиќ. паг/

Остани поврзан