• понеделник, 23 декември 2024

Кривокапиќ: Експертската влада е најдобар модел

Кривокапиќ: Експертската влада е најдобар модел
Подгорица, 16 септември 2021 (МИА) - Црногорскот премиер Здравко Кривокапиќ денеска објави дека многу внимателно ќе ги разгледа сите нови иницијативи и предлози за подобрување на работата на владата, кои дојдоа и ќе дојдат од претставниците на парламентарното мнозинство, а зад кои, како што наведе, стојат најмалку 41 пратеник. Кривокапиќ на Твитер повтори дека е на мислење дека експертската влада е најдобриот модел за водење реформи и демократска транзиција и дека не значи дека експерти не можат да предлагаат и политичките партии. „Владата останува посветена на договорот што го потпишаа тројцата лидери на коалицијата по 30 август, но и борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеењето на правото, што подразбира итни и неодложни промени во судството и обвинителството“, напиша Кривокапиќ. Тој тоа го објави откако синоќа претставниците на ДФ и Демократите се договорија за реконструкција на актуелната влада, а еден од лидерите на ДФ, Небојша Медојевиќ, на денешната прес - конференција рече дека Кривокапиќ не може да биде шеф на нова влада. Кривокапиќ и претставниците на УРЕ на Дритан Абазовиќ не учествуваа во договорот помеѓу ДФ и Демократите. паг/    

Остани поврзан