• понеделник, 23 декември 2024

Кривична против поранешен член на управен одбор на АД МЕПСО за несовесно работење

Кривична против поранешен член на управен одбор на АД МЕПСО за несовесно работење
Скопје, 21 јануари 2021 (МИА) - Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен член на Управниот одбор на АД МЕПСО за несовесно работење во службата, бидејќи како одговорен проект менаџер потпишала и потврдила прием и имплементација, а со тоа и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален и со тоа го оштетола буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675 денари. Кривичната пријава против лицето К. Г. - член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година е поднесена до Основното јавно обвинителсво Скопје на ден 18.01.2021 година. - Пријавената К.Г., во својство на одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари, информираат денеска од Управата за финансиска полиција. Лицето К.Г. со сомничи за сторено кривично дело „несовесно работење во служвата“ од член 353-в ст.3 од Кривичниот Законик. аа/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан