• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава против 18-годишен скопјанец, осомничен за „убиство во обид“

Кривична пријава против 18-годишен скопјанец, осомничен за „убиство во обид“

Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - СВР Скопје поднела кривична пријава против 18-годишен скопјанец, осомничен за „убиство во обид“.

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштуваат од МВР, на 16 август 2025 во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан