• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава против скопјанец за изработка и употреба на лажна платежна картичка

Кривична пријава против скопјанец за изработка и употреба на лажна платежна картичка
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против A.Т.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка". Пријавениот, во текот на март 2022 година, противправно набавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и лични податоци од носителот, по што ги употребил за вршење на 16 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги, во вкупна вредност од 31.659 денари. Како што информира МВР, на тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во тој износ. сст/дма/

Остани поврзан