• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава против правен субјект и одговорно лице од Кочани за „пустошење шума“

Кривична пријава против правен субјект и одговорно лице од Кочани за „пустошење шума“

Скопје, 10 февруари 2023 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Кочани денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против правно лице од Кочани и В.Т.(53), како одговорно лице за сторено кривично дело „пустошење шума“.

Пријавените, спротивно на закон, без да имаат склучен писмен договор со ЈП „Национални шуми“ Скопје – ПШС „Осогово“ Кочани за извршување на работи на шумска култура за активностите сеча и дотур во ШСЕ „Злетовска река - Пониква“, во шума во државна сопственост прогласена за заштитен предел, лоциран на Осоговските Планини, на м.в. „Бунари“, во  септември 2022 извршиле бесправна сеча на буковa дрвна маса со вкупна количина од 207,44 метри кубни.

-Имено, пријавените во периодот од 22 до 30 септември минатата година извршиле бесправна сеча на 97 букови стебла во количина од 119,44 метри кубни, кои бесправно ги складирале подготвени за превоз, а бесправно исеченото буково дрво – трупци во количина од 88 метри кубни го оставиле во сечиштето, велат од МВР.

Бесправно исечените трупци и бесправно складираното буково огревно дрво (нежигосано) се пронајдени во ШСЕ „Злетовска река – Пониква“, во вкупна количина од 207,44 метри кубни, одземени се и предадени на ЈП „Национални шуми“ Скопје – ПШС „Осогово“ Кочани. сст/бак/

фото МИА архива

 

Остани поврзан