• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава против кумановец заради криумчарење на мигранти

Кривична пријава против кумановец заради криумчарење на мигранти

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против Љ.М. (48) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти’’, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

-На 21.09.2023 година, на место викано „Борови“, во близина на казино во Гевгелија, со патничко возило „ауди A4“ прифатил девет лица илегални мигранти од Сирија, со намера да ги превезе до Куманово, се посочува во билтенот на МВР. фф/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан