• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кривична пријава против директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката со несоодветно образование како наставник по математика

Кривична пријава против директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката со несоодветно образование како наставник по математика

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти денеска МВР, пријавената на 27 јануари годинава склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште, нанесувајќи му штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари. дма/вг/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан