• среда, 25 декември 2024

Кривична пријава против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување службена исправа и употреба на исправа со невистинита содржина

Кривична пријава против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување службена исправа и употреба на исправа со невистинита содржина
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „злоупотреба на службената положба и овластување" и „фалсификување службена исправа" и против Н.М.(24) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување"  и „употреба на исправа со невистинита содржина". Првопријавениот, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение за матично работење Скопје, како што соопштија денеска од МВР, на второпријавената и издал извод од матична книга на родените за нејзината малолетна ќерка и во него внел невистинит матичен број и место на раѓање. - Ваквиот извод таа го употребила во прилог на барање за издавање на пасош на својата малолетна ќерка поднесено во Амбасадата на РСМ, во Бон, Сојузна Република Германија, наведуваат од МВР. цр/

Остани поврзан