• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за шест лица од Радовиш осомничени за бесправна сеча на дрва

Кривична пријава за шест лица од Радовиш осомничени за бесправна сеча на дрва

Скопје, 6 декември 2024 - Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Радовиш против шест лица од селата Дукатино и Горни Липовиќ, поради сомнение за бесправна сеча на дрва. 

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 ноември 2024 година, на локацијата „Сука“ во општина Радовиш, С.С. (43), Г.С. (50), И.С. (45) и Ј.Г. (74) од село Дукатино извршиле бесправна сеча на 113 дабови стебла. Дрвата ги натовариле на трактор со намера да ги продадат, но биле пресретнати и лишени од слобода од страна на полициските службеници од Полициската станица Радовиш и Шумската полиција Радовиш. Тракторот, приколката и две моторни пили им биле одземени.

Истиот ден, на локацијата „Ушковица“ во општина Радовиш, С.С. (58) и Т.К. (29) од село Горни Липовиќ извршиле бесправна сеча на 44 стебла. И тие биле пресретнати и лишени од слобода од страна на полициските службеници, а тракторот, приколката и моторната пила им биле одземени.

Сите пријавени се товарат за кривично дело „кражба“ според член 235 од Кривичниот законик. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан