• среда, 18 декември 2024

Кривична пријава за скопјанец поради силување

Кривична пријава за скопјанец поради силување

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, денеска го привеле И.П. (81) од Скопје поради основано сомнение дека на 21.09.2023 околу 12.45 часот во скопската општина Кисела Вода во својот дом допирал малолетничка по интимните делови од телото.

-Од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години", предвидено и казниво по член 188 став 5 од КЗ. И.П. е изведен пред судија на претходна постапка и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од МВР. дма/лв/

Фото:МИА архива.

Остани поврзан