• сабота, 06 декември 2025

Кривична пријава за измама против битолчанка

Кривична пријава за измама против битолчанка

Скопје, 2 јули 2025 (МИА) - СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против битолчанецот М.Л.(43) поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ.

Како што соопшти денеска МВР, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола, односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки.

Оштетениот, како што е наведено во соопштението,  во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22 500 евра. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан