• среда, 27 ноември 2024

Кривична пријава против скопјанец за „даночно затајување“

Кривична пријава против скопјанец за „даночно затајување“
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Р.Т.(48), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 2018, 2019, 2020 и 2021 година, за секоја година поединечно, реализираните приливи на парични средства не ги пријавил како личен доход и не поднел задолжителна Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи како даночен орган. - На тој начин тој избегнал да плати данок на личен доход од 10 отсто за реализираните приливи за 2018 година во вкупен износ од 34.470 евра, за 2019 година во вкупен износ од 68.976 евра, во 2020 година 925.850 денари и 104.100 евра и за 2021 година во износ од 71.000 евра. Со ваквото дејствие пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 1.728.465 денари, а за себе во истиот износ прибавил противправна имотна корист, се наведува во соопштението од МВР. дма/са/

Остани поврзан