• сабота, 23 ноември 2024

Крива Паланка ќе добие две монтажни катни гаражи за решавање на проблемот со недостиг од паркинг места 

Крива Паланка ќе добие две монтажни катни гаражи за решавање на проблемот со недостиг од паркинг места 

Крива Паланка, 6 февруари 2024 (МИА) - Со реализација на проектот за проектирање, изградба и поставување две монтажни челични конструкции за катни гаражи, во вкупна вредност од 40.000.000 денари, Општина Крива Паланка ќе го решава долгогодишниот проблем со недостиг од паркинг места во централното градско подрачје.

За оваа намена денеска на иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски со 12 гласа „за“ и 6 гласа против, Советот на Општина Крива Паланка ја усвои одлуката за задолжување на општината.

-Носиме храбри одлуки за решавање горливи проблеми на граѓаните. Крива Паланка ќе добие две монтажни катни гаражи, за конечно решавање на проблемот со недостиг од паркинг места во градот, а ставањето крај на сообраќајниот хаос беше и дел од мојата изборна програма. Токму на ова прашање работиме интензивно подолг временски период, заедно со службите и општинската администрација и покрај поставувањето катни гаражи на следните локации: кај градската автобуска станица и кај градски зелен пазар, со овој проект ќе се овозможи и имлементација на зонското паркирање,за што како општина сме подготвени, рече Митовски.

Неодамна Митовски информираше дека сѐ е подготвено за воведување зонско паркирање кое значително ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, само се чека реконструкцијата и проширување на централната градска улица која заедно со катните гаражи ќе значи трајно решавање на проблемот со паркирањето на јавните површини во градот и конечно ставање крај на долгогодишниот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. ид/мд/

Фото: Архива, Општина Крива Паланка 

Остани поврзан