• вторник, 24 декември 2024

Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море

Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море

Москва, 20 ноември 2024 (МИА) - Кремљ денеска соопшти дека е „смешно“ и „апсурдно“ да се обвинува Русија за оштетување на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море.

-Смешно е со оглед на недостигот на реакција за саботажата на Украина во Балтичко Море, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, во врска со саботажата на гасоводот „Северен тек“ во септември 2022 година, за што Москва го обвинува Киев.

Украина негираше дека е вмешана, но германското правосудство издаде европска потерница за украински нуркачки инструктор осомничен за вмешаност во саботажа.

Досега не е потврдена вмешаноста на украинската држава во саботажата.

Во врска со оштетувањето на два телекомуникациски кабли меѓу Финска и Германија од една страна и Шведска и Литванија од друга страна, Песков денеска изјави дека „прилично е апсурдно да се продолжи да се обвинува Русија за се, без никаква основа“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан