• среда, 01 јануари 2025

Кремљ: Путин и Алиев повторно разговараа за падот на азербејџанскиот авион

Кремљ: Путин и Алиев повторно разговараа за падот на азербејџанскиот авион

Москва, 29 декември 2024 (МИА) - Претседателите на Русија и Азербејџан, Владимир Путин и Илхам Алиев, денеска повторно телефонски разговараа за падот на азербејџанскиот авион кај Актау, соопшти Кремљ.

„Путин и Алиев денеска во телефонски разговор продолжија да разговараат за различни прашања во врска со падот на авионот на азербејџанската авиокомпанија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Двајцата лидери разговараа и ден претходно за трагедијата со патничкиот авион и Путин му се извини на Алиев за тоа што авионската несреќа се случи на небото над Русија. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан