Кремљ призна за „значителни загуби“ во Украина
- „Имаме значителни воени загуби“, изјави Песков за Скај њуз „и тоа е голема трагедија за нас“.

Лондон, 7 април 2022 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија претрпела „значаителни загуби“ во Украина.
„Имаме значителни воени загуби“, изјави Песков за Скај њуз „и тоа е голема трагедија за нас“.
Руското Министерство за одбрана на 25 март објави дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави два дена подоцна дека најверојатно се убиени најмалку 10.000 руски војници. зш/