• сабота, 06 декември 2025

Крводарителска хуманитарна акција во Гевгелија

Крводарителска хуманитарна акција во Гевгелија
Гевгелија, 24 ноември 2020 (МИА) - Околу педесетина вработени од гевгелиското казино „Фламинго“ се пријавија да даруваат крв на денешната хуманитарна акција која е дел од активностите на групацијата „Новоматик“, која својата општествена одговорност ја потврди досега и преку повеќе донации на здравствените установи во општината и земјава. Крводарителите ги посети и градоначалникот Сашо Поцков кој им изрази благодарност за покажаната хуманост во овие тешки моменти кога здравјето на граѓаните е загрозено. Изрази благодарност и до компанијата за нејзината општествена одговорност посебно во време на пандемијата со Ковид-19 изразена преку помошта за набавка на медицинска опрема во Општата болница во Гевгелија и за други државни здравствени установи, што е посебно значајно кога се има впредвид дека пандемијата го отежна и работењето на казино туризмот. Хуманитарната крводарителска акција на вработените во „Фламинго“ ја спроведоа вработени при транзфузиското одделение од Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиска медицина од Скопје. им/аа/

Остани поврзан