• среда, 27 ноември 2024

Крводарителска акција во Кавадарци, обезбедени 28 крвни единици

Крводарителска акција во Кавадарци, обезбедени 28 крвни единици
Кавадарци, 23 август 2022 (МИА) - Дваесет и осум крвни единици се обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст. -Согласно на годишниот интегрален план за крводарителство, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје спроведе доброволна крводарителска акција во просториите на општината Кавадарци со голема поддршка на градоначалникот, Советот на општината и вработените во локалната самоуправа. Крв даруваа хумани и секогаш солидарни луѓе од Кавадарци и Росоман, соопштија од Црвен крст, изразувајќи надеж дека со ова барем малку ќе се придонесе во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на државно ниво, со што ќе бидат задоволени и потребите за оваа драгоцена течност. Оттаму изразија голема благодарност до сите учесници во акцијата, а посебно до крводарителите. свд/рп/

Остани поврзан