Крводарителска акција во Општина Аеродром
- Во просториите на Општина Аеродром денеска беше спроведена крводарителска акција во соработка со Општисната организација на Црвениот крст - Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина.
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Во просториите на Општина Аеродром денеска беше спроведена крводарителска акција во соработка со Општисната организација на Црвениот крст - Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина.
Кон акцијата, како што соопштија од Општината, се приклучија голем број хумани граѓани, од кои дел се вработени во Општината. Притоа, се додава во соопштението, се почитуваа сите мерки за заштита од Ковид-19.
- Општина Аеродром редовно ги поддржува ваквите акции на хуманите луѓе и крводарители во дарување крв и спасување нечиј живот, се наведува во соопштението. мс/сп/