• среда, 19 март 2025

Крводарители од пограничниот регион и други градови се одзваа на апелот на болницата Пирогов за дарување крв

Крводарители од пограничниот регион и други градови се одзваа на апелот на болницата Пирогов за дарување крв

Делчево, 18 март 2025 (МИА) - Македонци кои студираат во Бугарија, но и голем број граѓани од пограничниот регион, од утрово се во Софија, каде се одзваа на апелот на болницата Пирогов за дарување крв за повредените од несреќата во Кочани.

Најмногу потреба, како што информира за МИА д-р Даниел Кировски од оваа болница, има од крвната група АБ+ и затоа приоритет им се давало на донатори со таа крвна група. 
 
-Околу 50 луѓе од Македонија заедно со други Македонци и Бугари од овде се одзваа на апелот на болницата при што  веќе крв даруваа над 200 крводарители. Само во „Пирогов“ има околу 200, а отприлика уште толку во Националниот центарот за транфузиологија и хематологија. На фотографиите се гледа дека интересот да се помогне е голем и поради тоа дел се препратени во Центарот за трансфузиологија, за да се забрза работата. Предност имаат дарителите од  Македонија кои дојдоа од Црвениот крст, информриа д-р Кировски.

Тони Стаменковски од Делчево е еден од оние кои уште вчера апелираше да се организира заедничкаа акција со останати граѓани. Тој меѓу првите со групата од Делчево пристигнаа во Софија и веќе го остварија своето право да помогнат.

-Тука сме четворица од Делчево, со крвни групи нулта позитив и негатив и двајца со АБ позитив. Реално очекував повеќе луѓе да се пријават, но за жал одзив имавме само од четворица, иако сите на социјалните мрежи сме силни, а кога треба да се помогне сме малку. Ова се наши деца и треба да помогнеме. За среќа кога дојдовме во Софија видовме дека има од други градови, изјави Стаменковски.

Меѓу дарителите кои дошле од Македонија, како што додаде делчевскиот крводарител, имало и лица од Штип, Тетово и Скопје и македонски студени во Бугарија. вс/мд/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан