• вторник, 24 декември 2024

Крај Земјата мина астероид, најблиску досега

Крај Земјата мина астероид, најблиску досега
Рим, 20 август 2020 (МИА)Изминатиов викенд, астероид во дијаметар од три метри мина покрај Земјата, на оддалеченост од помалку од 3.000 километри. Астрономите го забележаа астероидот шест часа откако тој поминал крај нашата планета. Опсерваторија Сормано во областа Комо, северна Италија, извести за откривањето на астероидот „2020 Ку-ге“. Тој е од групата Аполо, што на науката и е позната уште во 1930-тите. Астероидот минал близу Земјата во неделата, 16 август, на само 2.900 километри оддалеченост. Она што, според многумина, е загрижувачко, е фактот што телото долго време остана незабележано. Оваа релативно блиска средба со туѓо вселенско тело е рекорд во однос на близината, а без опасности. Никогаш порано астероид не минал толку блиску до Земјата без судир, односно без да биде привлечен од Земјината тежа. Според проценките, астероидот бил широк околу три метри и се движел со брзина од околу 12,4 километри во секунда или 44.640 километри на час. си/сд/

Остани поврзан