• сабота, 23 ноември 2024

Крамп-Каренбауер планира да ја реконструира специјалната воена единица

Крамп-Каренбауер планира да ја реконструира специјалната воена единица
Берлин, 30 јуни 2020 (МИА) – Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер планира да ја преструктуира единицата на специјални сили (КБС) по бројните обвинувања дека е екстремистички настроена. Крамп-Каренбауер за утре свика прес-конференција, на која ќе зборува за структурната реформа на единицата КСК, врз основа на анализата што таа ја нарача во мај. Нејзината канцеларија не соопшти други детали, но весникот „Велт“ денеска јави дека планира да ја објави структурната реформа на единицата, вклучително и распуштање на една од нејзините четири борбени чети, кои беа во центарот на обвинувањата за екстремизам. „Велт“ и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објавија дека со мерките ќе бидат опфатени околу 70 војници. На профилот на Твитер на германското Министерство за одбрана се вели дека единицата и нејзиниот персонал се информирани и оти други детали ќе бидат објавени на прес-конференцијата на Крамп-Каренбауер. јт/

Остани поврзан