• сабота, 31 август 2024

Кралот Абдула Втори: Бруталната војна на Израел создава генерација сираци во Газа

Кралот Абдула Втори: Бруталната војна на Израел создава генерација сираци во Газа

Ерусалим, 8 јануари 2023 (МИА) - Израел создава цела генерација сираци со својата брутална војна во Газа, изјави денеска јорданскиот крал Абдула Втори.

Јорданскиот монарх ова го изјави во говорот одржан на Меморијалот на жртвите од геноцидот во Руанда, кој се наоѓа во главниот град Кигали.

„Недискриминирачката агресија на Израел во Газа нема да ја гарантира безбедноста на еврејската држава“, предупреди Абдула Втори.

Министерството за здравство во Појасот Газа, кое е под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на израелските воени операции во палестинската енклава се убиени 23.084 Палестинци. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан