• среда, 27 ноември 2024

Кралицата Елизабета го посети носачот на авиони именуван по неа

Кралицата Елизабета го посети носачот на авиони именуван по неа
Лондон, 22 мај 2021 (МИА) – Британската кралица Елизабета го посети новиот носач на авиони, именуван во нејзина чест, кој ќе ја предводи флотата бродови на Кралската морнарица кон азиските води на нивното прво оперативно патување. Кралицата (95) се качи на бродот „Кралица Елизабета“ во Портсмут, седум години откако го именуваше бродот заедно со нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, кој почина минатиот месец. Бродот „Кралица Елизабета“ е тежок 65.000 тони и ќе превезува осум британски борбени авиони Ф-35Б и 10 американски Ф-35, како и 250 американски маринци во состав на екипаж од 1.700 луѓе. На патот долг 26.000 наутички милји во текот на 28 недели, тој ќе ја предводи флотилата заедно со два разорувачи, две фрегати, подморница и два брода за поддршка. На групата ќе и се придружат американски разорувач и фрегата на холандската морнарица. Групата ќе плови по спорните води на Јужното Кинеско Море, за чии делови и Кина и земјите од Југоисточна Азија тврдат дека се нивни, на патот кон Филипинското Море. Бродовите ќе застанат и во Индија и во Сингапур. јт/

Остани поврзан