• среда, 25 декември 2024

Кралицата Елизабета Втора успешно заздравува од Ковид-19

Кралицата Елизабета Втора успешно заздравува од Ковид-19
Лондон, 24 март 2022 (МИА) - Кралицата Елизабета Втора за првпат излезе на прошетка со своите кучиња по неколку седмици здравствено опоравување. Нејзиното височество е страстен љубител на своите „велшки коргија“ и вообичаено не пропушта прошетка со нив. [caption id="attachment_1697295" align="aligncenter" width="864"]Велшки коргија Велшки коргија[/caption] Кралицата последниве седмици успешно заздравува од Ковид. Сепак, според лекарите од Виндзор, дневникот на доллжности на Нејзиното височество ќе биде „суштински ревидиран“ и таа веројатно нема да им се врати на своите главни обврски кон пошироката јавност. Извори од кралското опкружување тврдат дека Елизабета Втора е во добра здравствена состојба, но веќе ја мачат „слабостите кои доаѓаат со долговечноста“. Кралицата ќе го прослави својот 96. роденден на 21 април годинава.  си/јт/

Остани поврзан