• вторник, 24 декември 2024

Кравјо лудило се појави во Шкотска

Кравјо лудило се појави во Шкотска

Единбург, 10 мај 2024 (МИА) - Шкотската влада денеска потврди случај на типична говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) на фарма за добиток. Владата воведе превентивни мерки, ограничувајќи го движењето на животните кои биле во контакт со заразена крава во Ершир, се вели во соопштението.

Надлежните се обидуваат да го утврдат потеклото на болеста, се вели во владиното соопштение, во кое се истакнува дека здравјето на луѓето не е во опасност.

БСЕ ја напаѓа мозочната супстанција на добитокот. Животните се разболуваат со типична БСЕ поради потрошувачката на добиточна храна базирана на животински оброк што содржи приони. Атипична говедска спонгиформна енцефалопатија се јавува спорадично и спонтано кај постарите крави.

Болеста за прв пат беше откриена на крајот на осумдесеттите години во Британија, која забележа повеќе од 180.000 случаи, а потоа се прошири и во другите делови на Европа, пустошејќи ги стадата до почетокот на 2000-тите.

Јадењето месо контаминирано со БСЕ може да предизвика фатална болест Кројцфелд-Јакоб кај луѓето. Минатата година болеста се појави во Шпанија, Швајцарија и Холандија, а минатата година Бразил го прекина извозот на добиток поради БСЕ. Велика Британија последен пат забележа случај на болеста во 2021 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан