Кошаркарскиот Суперкуп за МЗТ Скопје Аеродром
- Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во македонскиот Суперкуп, откако вечерва го совладаа градскиот ривал ТФТ со 100-82.

Скопје, 28 септември 2022 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во македонскиот Суперкуп, откако вечерва го совладаа градскиот ривал ТФТ со 100-82.
За актуелниот шампион ова е петти триумф во Суперкупот, а четврта титула во низа во ова натпреварување.
Клучната разлика МЗТ Скопје ја направи веќе во првата четвртина која ја реши во своја корист со 24-11, а предноста на полувремето изнесуваше плус 13 поени (47-34).
ТФТ во второто полувреме заигра поквалитетно и во неколку наврати ја намали негативата на пет поени (81-86), но освојувачот на националниот куп немаше сили за резултатски пресврт.
Најефикасен во редовите на МЗТ и воедно на натпреварот беше Страхиња Миќовиќ со 27 поени. ег/бак/